Мртвите тела на девојче и тинејџерка извадени од под урнатините во Албанија (ФОТО)

Бројот на жртви од силниот земјотрес се искачи на девет, додека бројката на луѓе кои се хоспитализирани е 600. Две нови жртви се чини се наоѓаат под урнатините на хотел во зоната на Голем- Драч.

Три од жртвите се од Драч, а меѓу нив има и едно девојче и тинејџерка. Трите други лица го имаат загубено својот живот во Тумана, додека едно лице го загуби животот откако скокна од балконот. Исто така во Тумана се спасени 20 лица. Во овој момент повеќе од 10 луѓе се наоѓаат под рушевините во Драч, а спасувачките екипи од рано утрово со сиот напор се обидуваат да ги спасат истите.

Регистрирани се големи материјални штети додека наставата е прекината за денеска и утре. Најсилниот земјотрес беше со јачина од 6.4, додека по него имало дестици со магинтуда до 5.4 степени според Рихтеровата скала.

Овој земјотрес, е најсилен по оној во 1979 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот