Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Можно е државата да ја донира запленетата луксузна гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра

Запленетата брендирана гардероба на Бојан Јовановски – Боки 13, вредна речиси 600.000 евра, веќе пет години стои во магацините на Агенцијата за управување со одземен имот. Најпрвин со години се чекаше проценка, а откако таа е направена, сè уште не се огласува за продажба.

Но, како што дознава „Фокус“, наместо на продажба, можно е облеката да заврши и како донација. Можното сценарио произлегува од одговорот кој го добивме од Агенцијата за управување со одземен имот, каде што прашавме кога оваа гардероба, конфискувана за случајот „Рекет“, ќе биде огласена за продажба, бидејќи нејзината проценка беше направена уште пред половина година.

-Агенцијата за управување со одземен имот, конечно одземените предмети може да ги продаде, уништи или да ги отстапи на државни институции, здруженија на граѓани или фондации. Во зависност од донесената Одлука на Управниот одбор ќе зависи и понатамошната постапка и за овие одземени предмети – велат од Агенцијата за порталот.

Оваа новина, гардеробата да не оди на продажба, а потоа парите да се слеат на буџетска сметка, стана можна пред три месеци, кога беа направени измени на Законот за управување со конфискуван имот. Ова значи дека облеката може да заврши како донација во државни органи, јавни установи или здруженија и фондации.

Летото 2019 година истражители од домот на Јовановски одзедоа 71 вреќа со гардероба, чевли, часовници, чанти и накит, вкупно 1.208 парчиња на број, од познати модни брендови, како „Луј Витон“, „Версаче“, „Долче и Габана“, „Гучи“, „Валентино“, „Диор“…

Меѓу запленетата облека беше и упадливата сребрена наметка од „Луј Витон, вредна 8.000 евра, која Боки 13 ја носеше на доделувањето на наградите „Story“, потсетува „Фокус“.

Обвинителството тврдеше дека Јовановски сите модни парчиња ги купил во периодот од 2018 и 2019 година, трошејќи од 1,5 милион евра, кој наводно ги изнудил од бизнисменот Орце Камчев. Боки 13 пак тврдеше заплената е незаконска, бидејќи најголемиот дел од гардеробата, дури 95 отсто, наводно ја купил неколку години пред тоа, уште од 2013 година. За да го убеди судот, тој презентираше 1.650 фотографии од неговите аутфити низ годините, појаснувајќи за секое парче кога е купено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот