Можете ли да го фатите коронавирусот со едноставно поминување покрај заразено лице на отворено?

Од почетокот на пандемијата на вирусот корона, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворен простор, а најновите истражувања покажаа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите се заразиле со коронависрусот на отворено, главно на концерти и спортски настани, објави денес Хина.

Во студија спроведена на 25.000 случаи, која сè уште не е разгледана, околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Ова се оградени области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде што луѓето некое време престојувале и се движеле, зборувајќи гласно или пеејќи.

– Не идентификувавме скоро никакви случаи кои би биле поврзани со секојдневниот живот на отворено, изјави авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери во Кент.

Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку во затворен простор.

Покрај британците, во студијата учествуваа и научници од американски и германски универзитети.

Ризикот е помал затоа што вирусот е разреден во атмосферата, нешто слично се случува како кај чадот од цигари – заклучува експертот.

Стив Илеге, генетичар и експерт за вируси на Харвард, рече дека „сè уште не е познато колку аеросол се неопходен за инфекцијата, но колку е посилен, толку е поголема можноста од инфекција“.

Хина додава дека времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор.Теоретски, можно е лицето да се зарази на отворено.

Нема докази дека вирусот корона се пренесува со поминување на луѓе на отворено. Кога поминуваме покрај луѓето, можно е да земеме здив од нивното издишување. Ризикот е многу мал, а маската  – заклучи група експерти.

Во јули, во студија од Кина, од 7.300 луѓе, само едно лице се заразило на отворено за време на разговор со човек кој дошол од Вухан, објави „Њујорк тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот