Марк Маркез/фото: EPA/Boglarka Bodnar

Мото ГП: Марк Маркез обезбеди пол позиција за ГН на Унгарија

Ново Гран При, нова пол позиција за Марк Маркез. Шпанецот е на добар пат да ја обезбеди титулата во Мото ГП шампионатот, а сега беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Унгарија.

Возачот на Дукати го имаше најбрзиот круг на патеката „Балатон Парк“ – 1:36.518. По него следеа Марко Бецеки од Априлија и Фабио ди Џанантонио, кои ќе го сторат истото на почетокот од главната трка, која ќе се одржи во Унгарија за прв пат по повеќе од 30 години.

Проблеми имаше и на патеката, бидејќи Педро Акоста излета од патеката рано во последната квалификациска рунда. Тој сигурно ќе ја започне трката од седмата позиција, а изненадувањето во овој дел од викендот дојде во форма на 11 позиција на Алекс Маркез.

Во Унгарија немаше промена во односот помеѓу Дукати и Франческо Бањаја. Шпанецот е сè уште незадоволен, а фактот што не успеа ниту да го помине првото коло од квалификациите нема да помогне.

Денеска на 15.00 часот закажана е спринт трката, додека главната трка ќе се одржи в недела од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот