Мостар треба да го добие првиот хотел „Хилтон“ во Босна и Херцеговина

Светската франшиза на хотелот „Хилтон“ наскоро ќе има свои капацитети во Босна и Херцеговина, а како што дознава порталот Кликс.ба, заинтересирани се за хотелот „Неретва“ во Мостар.

Хотелот „Неретва“ треба да биде само еден од неколкуте проекти на подрачјето на Босна и Херцеговина кои „Хилтон“ сака да ги реализира.

Директорката на инвеститори на Интершпед, Ениса Тукиќ, потврди дека Хилтон и Интершпед имаат дискусии за неколку проекти.

„Можеме да потврдиме дека споменатите компании работат на евентуален развој на неколку проекти на територијата на Босна и Херцеговина. Сепак, јавноста за ова официјално ќе биде информирана на Меѓународниот хотелски инвестициски форум, кој ќе се одржи во мај 2023 година во Берлин“, изјави Тукиќ.

Реконструкцијата на хотелот „Неретва“ беше запрена во изминатиот период поради пандемијата, но Тукиќ додаде дека работите ќе почнат повторно во март 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот