Кремљ/Фото Eurasia / robertharding / Profimedia

Москва потврди дека вчеравечер извршила напад врз Украина: Ова е одговор на терористичките напади на Киев

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека Москва синоќа извршила напад врз украинските воено-индустриски и енергетски објекти како одговор на тоа што го нарече „терористички напади“, објавија светските агенции.

„Како одговор на терористичките напади на Украина врз цивилни објекти на руска територија, синоќа вооружените сили на Руската Федерација извршија напад со високопрецизно оружје и беспилотни летала врз претпријатија од воено-индустрискиот комплекс на Украина и енергетски објекти кои го обезбедуваат нивното работење. Целите на нападот се исполнети. Сите целни објекти се погодени“, се вели во соопштението на министерството.

Главниот советник на Зеленски, Андриј Јермак, поднесе оставка откако изби големиот скандал

Во меѓувреме, Каспискиот козорциум за гасовод (КТК) денеска соопшти дека ги прекинал своите операции откако неговото пристаниште во Русија на брегот на Црното Море било сериозно оштетено во напад од украински воени беспилотни летала.

ВИДЕО | Експлозија на руски танкер под санкции кај Босфор

„Понатамошното работење на Пристаниште 2 е невозможно“, се вели во соопштението за состојбата на еден од трите клучни објекти за извоз на нафта. Преку својот терминал на Црното Море, КТК извезува нафта со потекло главно од Казахстан.

Акционерите на компанијата ги вклучуваат американските компании „Шеврон“ и „Ексон Мобил“.

„Не изгледа добро, нападите се силни. Третото пристаниште, кое моментално се поправа, ќе биде ставено во функција“, изјави трговец со нафта. Во времето на нападот, системот за итна заштита на објектот ги затворил релевантните цевководи и нема повредени вработени, соопшти КТК. Исто така, нема прелиминарни информации дека има излевање на нафта во Црното Море, додаде конзорциумот.

 

Главниот советник на Зеленски, Андриј Јермак, поднесе оставка откако изби големиот скандал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот