Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

ВИДЕО | Експлозија на руски танкер под санкции кај Босфор

Рускиот танкер „Каирос“, дел од таканаречената „флота во сенка“ на Москва за избегнување на западните санкции, беше оштетен во експлозија во близина на Босфорскиот Теснец во Црното Море.

Турските власти потврдија дека бродот пријавил „надворешен удар“ на пат кон Новоросијск, а поради пожарот во машинската просторија, 25-темина членови на екипажот биле евакуирани, објави Ројтерс.

Има сомневања дека експлозијата била предизвикана од мина, како и дека танкерот е во опасност од потонување. Спасувачки влекачи и крајбрежната стража итно пристигнаа да помогнат.

Исто така, уште еден санкциониран танкер, „Вират“, претрпел експлозија во Црното Море. Претходно, во 2022 и 2023 година, слични инциденти со танкери се случија во околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот