Москва: Ослободени 50 руски војници од украинско заробеништво

Фото: Gato Desaparecido / Alamy / Alamy / Profimedia

Руското Министерство за одбрана пренесува дека по преговорите со Украина успеало да ослободи 50 заробени руски војници.

Според „Ројтерс“, ослободените војници ќе заминат во Москва на медицинска и психолошка рехабилитација.

„Како резултат на преговорите, 50 руски војници, кои беа во заробеништво во смртна опасност, се вратија од територијата под контрола на режимот во Киев на 8 јануари“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Украина ја потврди оваа информација, додавајќи дека како дел од истиот договор, 50 украински војници се ослободени од руско заробеништво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот