Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER SHCHERBAK / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Москва е подготвена за разговори со Киев без предуслови, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повтори подготвеноста на руската страна за разговори со Украина без предуслови за време на неговата средба со пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, објави денеска новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Виткоф во петокот три часа се состана со Путин во Москва за да разговара за американскиот план за ставање крај на војната во Украина, а Трамп рече дека двете страни се „многу блиску до договор“ и покрај очигледната разлика во нивните позиции.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, во објава на платформата Truth Social, ја опиша војната во Украина како „изгубена од првиот ден“ и започна нови напади против неговиот руски колега.

Поточно, тој рече дека „со сето ова, нема причина Путин да истрела проектили врз урбаните средини, градови и населени места во последните денови“, додека го обвини рускиот претседател дека „можеби не сака да ја прекине војната, тој само си игра со мене и со него треба да се постапува на поинаков начин, преку „банкарски мерки“ или „секундарни санкции“.

„Премногу луѓе умираат!!!“, заклучи Доналд Трамп, додека во претходните делови од објавата им се обрати на своите претходници Џо Бајден и Барак Обама. „Немам ништо со оваа глупава војна, освен што рано ѝ дадов на Украина Џавелини, додека Обама им даваше постелнина. Ова е војна на заспаниот Џо Бајден, а не моја“.

Рано во саботата попладне, Трамп објави две фотографии од состанокот без коментар. По пристигнувањето во Рим, претседателот на САД на Truth Social изјави дека тоа бил „добар ден во разговорите и состаноците со Русија и Украина“.

Ова следеше по објавата во петокот попладне во која претседателот рече:

„Тукушто слетав во Рим. Добар ден во разговорите и состаноците со Русија и Украина. Тие се многу блиску до договор и двете страни сега треба да се сретнат, на многу високо ниво, за да го „завршат“. Повеќето од главните точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, СЕГА. Ќе бидеме каде и да е потребно за да помогнеме во олеснување на КРАЈОТ на оваа сурова и бесмислена војна!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот