Австриска полиција / Фото: Europol

Морничаво убиството на Србинка во Австрија: Ја бодел со шрафцигер, па ја застрелал

Државјанка на Србија (38) со потекло од Косово е убиена вчера во австрискиот град Сош, а нејзиниот сопруг е осомничен за нејзината смрт, објави „Хојте“.

Нејзиното тело е пронајдено синоќа во дворот на куќата, со прострелни и убодни рани, што укажува дека жената починала од насилна смрт.

Според достапните информации, жената и осомничениот маж (47) биле во процес на развод во времето на злосторството. Тој е главен осомничен и веќе е уапсен и е во притвор.

„Жената претрпела ужасно семејно насилство кое на крајот заврши трагично кога синоќа беше пронајдена мртва во дворот на семејната куќа во градот Сос во Долна Австрија. Патем, тие беа во процес на развод, и очигледно осомничениот не можеше да се помири со таа одлука“,  објавуваат австриските медиуми.

За време на сослушувањето, осомничениот дал контрадикторни изјави. Како можен мотив се наведува тоа што не можел да се помири со разводот и дека ја убил сопругата во бес за време на расправија. Според неофицијални информации, двојката имала четири деца во бракот.

Злосторството се случило во семејна куќа каде што живеела жената со своите деца. Откако било откриено морничавото злосторство, полицијата ја претресла куќата и ја запечатила влезната врата.

При претресот на куќата, запленет е пиштол, а се бара уште еден предмет, најверојатно шрафцигер, кој исто така би можел да биде поврзан со убиството.

Брајан Волш призна дека ја измамил полицијата: Го преместил телото на неговата сопруга, Србинката Ана Волш

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот