Морган Стенли казнет со 101 милион евра во Холандија за затајување данок на дивиденда
Јавното обвинителство во Холандија денес изрече казна од 101 милион евра на мултинационалната финансиска група Морган Стенли за затајување данок на дивиденда во таа земја. Обвинителите рекоа дека Морган Стенли неправилно користел посебна шема за да побара враќање на данок на дивиденда од холандските даночни власти, иако банката со седиште во Њујорк немала право на бенефицијата, објави NL Times- пренесе Политика. Холандската подружница на познатата финансиска група е обвинета за поседување акции во холандски компании со кои тргувала јавно.
Препорачано
Ова наводно било темпирано со датумите на распределба на дивидендата, што ѝ овозможило на подружницата да го компензира данокот на дивиденда со други даноци.
По датумот на распределба на дивидендата, акциите беа вратени на странски лица. Банката избегнала вкупно 124 милиони евра данок на дивиденда преку оваа шема помеѓу 2009 и 2013 година. Јавното обвинителство соопшти дека Морган Стенли нема право на даночно олеснување, со оглед на тоа што само организации со седиште во Холандија можат да го надоместат овој данок. Како што истакнува обвинителството, во случајот со гореспоменатата банка, огромното мнозинство дивиденди отишле во други финансиски институции надвор од Холандија.
Морган Стенли ќе ја плати казната по спогодба за признавање на вина во која Јавното обвинителство изрекува казна без учество на судија, пренесува Танјуг. Ова ѝ овозможува на њујоршката банка да избегне тужба.


