Морган Фриман, Доналд Трамп/ Фото: EPA

Морган Фримaн со остра критика кон Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател?!

Холивудската актерска легенда Морган Фримaн остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води земјата.

Тој ги даде коментарите во ново интервју во кое ја промовираше серијата од ерата на Американската граѓанска војна што ја продуцираше заедно со Кевин Костнер.

Појавувајќи се на „МС нау“, Фримaн се присети на покојниот активист за граѓански права Џон Луис, кој почина во 2020 година. Кога го прашаа колку е различен денешниот свет од оној што Луис го остави зад себе, актерот даде остар одговор.

– Имаме некој што седи во Белата куќа и нè води низ ср**а. Јас лично не можам да разберам како осуден криминалец, со 34 пресуди, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно? – рече Фримaн.

Тој додаде дека „едноставно нема смисла“ за него што на Трамп му е дозволено да служи како претседател и покрај тоа што е осуден криминалец.

Пред изборите во 2024 година, претставниците на Фримaн мораа да му ги негираат на „Ројтерс“ лажните вести што се раширија на социјалните медиуми дека актерот ја поддржал кампањата на Трамп. Фримaн беше критичен и кон Трамп за време на неговиот прв мандат.

Во последните денови, Трамп влезе и во јавен конфликт со актерот Роберт де Ниро, откако актерот рече дека Трамп ја уништува земјата.

– Ова е нашата земја, а Трамп ја уништува. Којзнае кои се неговите причини, но е болно. Мораме да ја спасиме оваа земја – рече Де Ниро.

Трамп возврати на својата мрежа, опишувајќи го Де Ниро како „болна и дементна личност“ со „екстремно низок коефициент на интелигенција“.

ВИДЕО | Морган Фриман со срцепарателен говор за Џин Хекман на Оскарите: „Заедницата загуби великан, а јас загубив драг пријател“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот