Моравјецки за Телеграф: Путин е поопасен од Хитлер и Сталин

Матеуш Моравјецки / Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Владимир Путин е поопасен од Адолф Хитлер или Јосиф Сталин, предупреди полскиот премиер, повикувајќи на искоренување на „монструозната идеологија” на рускиот лидер.

Матеуш Моравјецки за Телеграф изјави дека арсеналот на оружје на Путин е „поубиствен” од оној на Хитлер и Сталин.

-Монструозната идеологија на режимот на Путин претставува смртоносна закана за Европа и мора целосно да се искорени, рече Моравјецки.

Изјавите доаѓаат откако Аврил Хејнс, директорка на Националната разузнавачка служба на САД, пред сенатската комисија изјави дека Путин може целосно да ја мобилизира својата земја или да воведе вонредна состојба доколку почувствува дека воената ситуација се врти против него.

Шефицата на американското разузнавање додаде дека има индикации дека Путин сака да создаде копнен мост меѓу Москва и прорускиот отцепени регион Придњестровје во Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот