„Мора да дозволите транспорт на руска нафта“: Сијарто ѝ се заканува на Хрватска

Дозволете ни проток на руска нафта и престанете да ја политизирате и идеологизирате енергетската безбедност, ја нападна унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, Хрватска и додаде дека тој и неговата словачка колешка и потпретседателка на словачката Влада, Дениса Сакова, испратиле писмо со ваква содржина до хрватската министерка за економија Анта Шушњар, објави Вечерњи.хр.

„Претходно, со Словачка постигнавме договор Унгарија и Словачка да можат да продолжат да купуваат евтина руска сурова нафта преку нафтоводот „Дружба“. Нашето ослободување од санкции вклучува и можност, доколку транспортот преку нафтоводот е оневозможен, да можеме да набавуваме руска нафта и по море“,  нагласи Сијарто.

Бидејќи Украина, од политички причини, сè уште не ги обновува испораките на нафта преку „Дружба“, унгарскиот министер додава дека, заедно со словачката министерка за економија Дениса Сакова, упатиле писмо до хрватскиот министер за економија Анти Шушњар со барање Хрватска, во согласност со правилата од Брисел, без одлагање да овозможи транспорт на руска сурова нафта до Унгарија и до Словачка преку хрватскиот нафтовод ЈАНАФ.

Клучното прашање во целата приказна е на што точно се осврнува Унгарија кога тврди дека нејзиното ослободување од санкции важи дури и во случај „транспортот на нафта да биде оневозможен“.

Туск: Тоа е наша војна, и ако Украина изгуби, тоа е наш неуспех

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот