Монтирано навивање на дербито Дортмунд-Баерн! (ВИДЕО)

фото: твитер

Знаеме колку многу е популарен фудбалот во Германија и навивачите секогаш ги полнат стадионите…

Баерн со победата кај Борусија Дортмунд на шест кола пред крајот направи огромен чекор кон одбрана на титулата.

Резултати од денешната програма во Бундеслигата: Борусија Дортмунд-Баерн 0:1, Баер Леверкузен-Волфсбург 1:4, Ајнтрахт Франкфурт-Фрајбург 3:3, Вердер Бремен-Борусија Менхенгладбах 0:0.

Табела: Баерн Минхен 64 бодови, Борусија Дортмунд 57, Лајпциг 54, Борусија Менхенгладбах 53, Баер Леверкузен 53, Волфсбург 42…

Како што е веќе познато, сите натпревари до крајот на сезоната ќе се играат пред празни трибини, иако голем број на фудбалери признаа дека без навивачите не би се комплетирала целосната слика на стадионот.

Во овој случај погледите беа насочени кон дербито на „Сигнал Идуна Парк“ помеѓу Дортмунд и Баерн.

Гледачите пред ТВ екраните можеа повторно да видат колку е тажно на трибините, без вообичаената поддршка од трибините, а знаеме колку многу е популарен фудбалот во Германија и стадионите се секогаш полни.

Вака, се слуша секој звук од играчите, секој удар, контакт, но затоа некои телевизиски медиуми најдоа начин како да го направат уште поинтересен преносот за гледачите.

Односно, со „монтирано навивање“, како се слушаат навивачите и нивното бодрење за сето она што се случува на теренот. Во секој случај навистина интересно решение..

Играчите моментно го следат здравствениот протокол со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, и натаму нема никакви најави дали од следната сезона ќе се вратат навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот