Монти Вилијамс станува најплатениот тренер во историјата на НБА

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американецот Монти Вилијамс е нов тренер на Детроит, тврди новинарот на „ЕСПН“ Адријан Војанровски.

Вилијамс во претходните четири години го водеше Феникс, а со Детроит ќе потпише договор на шест години вреден 78.5 милиони долари и тоа е рекорд помеѓу тренерите во НБА.

Од 2019 до 2023 година Вилијамс го водеше Феникс кој оваа сезона беше запрен во полуфиналето од плеј-офот против Денвер. Токму по оваа елиминација Феникс одлучи да ја прекине соработката.

Во 2022 година Вилијамс беше тренер на годината во НБА. Претходно до 2010 до 2015 година го водеше Њујорк Пеликанс, а беше уште во стручниот штаб на Портланд, Оклахома и Филаделфија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот