Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ на Наташа Андонова

Во рамките на Европскиот ден на уметничка креативност од проектот „КреАрт“, во организација на Музеј на Град Скопје и Град Скопје, а како дел од циклусот „Калеидоскоп“, од 5 до 12 април во галеријата на МКЦ ќе биде поставена изложбата со илустрации за детски бајки и приказни „Помеѓу зборот и сонот“ од академската сликарка Наташа Андонова. На изложбата ќе бидат претставени илустрации за детски бајки и приказни, каде Наташа оттргнувајќи ги од светот на фантазијата создава нови визуелни приказни во кои волшебно ги разигрува мноштвото нејзини јунаци.

„Детето во нас никогаш не е доволно пораснато за да престане со љубопитност. Ние сме постојано во потрага по нови знаења, искуства и нови светогледи. Тоа значи дека растеме низ игра, а фантазијата е гориво за растењето. Тука има препреки, грешки и паѓање, како и во бајките. Во бајките, прозата и поезијата, суштинското добро е коренот на кој почива мотивот и доаѓањето до него е целта. Во потрага по тоа добро чекорат храбрите јунаци-ликови со атрибути на лојалност, доблест, љубов, љубопитност, заедно со нивните опоненти, во еден виор и вртлог на фабулата. Нивната авантура е наша авантура, се идентификуваме, осознаваме и најмногу од сѐ, создаваме слики, визуелни отпечатоци, кои се складираат во нашето помнење и се репродуцираат ненадејно и спонтано кога ќе им се посака. Помеѓу зборот и сонот се простира сликата, ликот, атмосферата, кои ги викаме илустрација“, објаснува Андонова.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 75, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот