ФОТО | Моника Црнокрак со нов европски успех во Бејрут: Прогласена е за петта придружничка на Мис Европа 2026
Моника Црнокрак постигна нов успех на изборот за Мис Европа 2026, кој изминатиот викенд се одржа во елитниот „Event Center „Quora“ во Бејрут, Либан. Таа ја освои титулата петта придружничка, додавајќи уште едно значајно признание во своето портфолио. Постарата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак ја претставуваше Македонија во силна конкуренција од повеќе европски земји, а на својот инстаграм-профил објави фотографии од настанот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Во финалната вечер Моника продефилира во стилизирана македонска носија, а потоа и во долг фустан во впечатлива сино-зелена нијанса.


Покрај неа, Македонија имаше уште една претставничка, 18-годишната Нела Јосифовска, која се закити со титулата „Miss Best Face“, односно најубаво лице на Европа за 2026 година. Главната титула Мис Европа ѝ припадна на претставничката на Русија.

За Моника ова е второ признание од истиот избор, откако во 2023 година ја освои титулата Мис фотогеничност.

Модното студио „Црнокрак“ со години ја поседува лиценцата за учество на овој престижен избор и традиционално се грижи за подготовката и настапот на македонските претставнички.


