„Монд“: Франција ќе го тргне ембаргото за Скопје и Тирана ако се преуреди постапката за проширување

Фото: МИА

Француски дипломатски извори за „Монд“ изјавиле дека преговорите какви што се сега може да траат со години, а земјите кандидатки за тоа време да останат надвор од Унијата.

Франција сака прво да се преуредат постапките за прием на нови членки во Европската унија, пред таа да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, пишува француски „Монд“. Франција под тој услов е подготвена да го повлече ембаргото за почеток на преговорите со Скопје и со Тирана.

Весникот пишува дека тоа го потврдил и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, посочувајќи дека ако се постигне договор за модернизација на пристапната постапка, верува оти е можен напредок.

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата му стави до знаење на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз дека Франција е подготвена за поместување, ако се промени методот на преговори.

Француски дипломатски извори за „Монд“ изјавиле дека преговорите какви што се сега може да траат со години, а земјите кандидатки за тоа време да останат надвор од Унијата. Таков пример во моментов е Србија, и тоа може да донесе намалување на волјата кај граѓаните за ЕУ. Затоа подобро е да се развие постапка за постепено подготвување на земјите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот