МОН: Не се откажуваме од нов закон за учебници, граѓаните да не подлегнуваат на лаги и политички манипулации

Фото: Слободен печат/Ристо Пејовски

Министерството за образование и наука ја демантираше веста која во јавноста ја сподели пратеникот Антонио Милошоски за наводно стопирање на законот за учебници, повикувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на „груби лаги и политички манипулации“. 

МОН попушти под притисокот на јавноста? Повлечен Законот за учебници од собраниска процедура

– МОН не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата – информираат од МОН, додавајќи дека законот е вратен само за да се дополни, по што веднаш ќе биде доставен до Собрание. 

– Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред на Влада, по што ќе биде доставен до Собранието – соопштија од МОН. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот