МОН попушти под притисокот на јавноста? Повлечен Законот за учебници од собраниска процедура

Учебници / Фото: Слободен печат

Министерката за образование и наука Мила Царовска го повлекла предлог-законот за дигитализација на учебниците и тој нема да влезе во собраниска процедура, вели пратеникот Антонио Милошоски за „Слободен печат“, истакнувајќи дека ова најверојатно се случува по бурните реакции во јавноста во изминатите неколку денови. 

Милошоски објасни дека предлогот е повлечен и засега неможе да се започне со негова расправа.

– Ако не беше повлечен предлог законот ќе следуваше свикување на Комисија за образование и почнување на расправа по истиот предлог закон, за потоа истиот да стигне до пленарна седница за да се усвои или да не се усвои. Меѓутоа бидејќи сега е повлечен, тоа значи дека Владата се откажува од предлогот кој го доставила објаснува Милошоски, додавајќи дека Владата сепак има право одново да го испрати овој закон во собраниска процедура.

– Владата има право овој предлог закон повторно да го достави во Собрание, но штом го повлекува веројатно ќе го достави во поинаква форма или пак подоцна – вели Милошоски.

Во последните неколку денови наставници, политичари, но и родители бурно реагираат на социјалните мрежи во однос на дигитализацијата на учебниците, објаснувајќи дека многу училишта се уште ги немаат ниту основните средства за настава.

И од Сојузот на средношколци вчера нагласија дека се против дигиталните учебници. Според нив, дигитализацијата е добар чекор напред, но бараат воведување на белгиски модел на дигитализација на образованието каде родителите и учениците сами ќе одберат дали ќе учат од печатен или електронски учебник.

 

МОН: Не се откажуваме од нов закон за учебници, граѓаните да не подлегнуваат на лаги и политички манипулации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот