МОН демантира вмешаност во изборот на претседател: Сојузот на средношколци е независно ученичко движење

Фото: МИА

Не сме вмешани во изборот на Лука Павиќевиќ за нов лидер на Средношколскиот Сојуз, реагираат од Министерството за образование (МОН), откако од Средношколски глас обвинија дека зад Павиќевиќ стои лично министерката за образование, Мила Царовска.

– Сојузот на средношколци е независно ученичко движење. Граѓанските организации се наш партнер во унапредувањето на политиките за учениците и за младите и, како и досега, со нив ја продолжуваме успешната соработка – велат од МОН за „Слободен печат“.

Кон обвинувањата на Средношколски глас деновиве се придружија и родители, како и воспитувачката Драгана Спасевска од иницијативата „Учебници и настава мора да има“.

„Средношколци со вас сме! Нема предавање! Ако нив им се поважни европските пари, нам ни се поважни децата и иднината на нашите деца!“, коментира Спасевска, давајќи им ја својата поддршка на „Средношколски глас“.

И други родители кои се дел од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ сметаат дека МОН имало влијание врз изборот.

„Тоа е нивно дете, не се станува така лесно претседател“, „Мила оди си“, „заробена држава“, „средношколците треба сами да си изберат лидер, а не вака“, се само дел од коментарите на родителите.

Ходаи: Новиот лидер е избран по пат на јавен повик, Сојузот не е партизирана организација

Лука Павиќевиќ ќе го наследи досегашниот средношколски лидер Бленди Ходаи, а на новата функција ќе стапи на 10 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот