Ходаи: Новиот лидер е избран по пат на јавен повик, Сојузот не е партизирана организација

Средношколецот Лука Павиќевиќ од 10 јуни ќе биде нов лидер на Средношколскиот сојуз, функција која досега ја извршуваше матурантот Бленди Ходаи. Павиќевиќ беше избран со 69 отсто од вкупниот број на гласови од средношколците.

– Ние на 24 април отворивме Јавен повик за избор на претседател во Сојузот на средношколци, според строго одредени критериуми кои мора да ги исполнува кандидатот, а кој треба да биде пријавен шест месеци пред да се изврши изборот. Пријавени беа двајца кандидати, Лука Павиќевиќ и Емира Хусовиќ, кои ги презентираа нивните манифести, односно програмите што треба да ги исполнат доколку се избрани како лидер на средношколците. Лука доби 69 отсто од гласовите – вели актуелниот претседател на Сојузот, Бленди Ходаи за „Слободен печат“.

Веднаш откако победата на Лука се обелодени во јавноста, реагираа другите средношколски организации, првенствено „Средношколски глас“, од каде сметаат дека во неговиот избор е вмешана политика.

Лука Павиќевиќ – нов претседател на средношколскиот Сојуз  Фото: Фејсбук

„Ако ова е изборот на Мила Царовска за претседател на средношколците и благодариме што повторно ни докажа дека во оваа држава правда нема. Не задушувате со партија, ни ја убивате желбата да бидеме подобри ученици, ни ја понижувате интелегенцијата на нашите родители!“, се вели во реакцијата на Средношколски глас.

Од друга страна пак, Ходаи вели дека Сојузот на средношколци е независна организација и ги демнатираше овие тврдења.

– За Средношколски глас, жал ми е за нив, бидејќи очигледно немат став, немат аргументи и немат глас и ако им пишува Средношколски глас. Тие зборуваат само што им кажуваат одредени луѓе во нивните политички партии. Сојузот е единственото средношколско движење што не е партизирано и нема да биде – потенцираше Ходаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот