Моќниот Реквием на Верди на сцената на Филхармонијата!

На 25 април, овој четврток, во 20 часот, Филхармонијата заедно со Хорот на Операта и врвните солисти- Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенор-Кореја) и Милан Силјанов (бас-баритон), под диригентство на маестро Емил Табаков (Бугарија), ќе го изведат едно од најмоќните дела во историјата на музиката – Реквием од Џузепе Верди!

Концертот „Вердиевиот реквием“ ќе донесе музичка возбуда, а ремек-делото на Верди на нашата сцена ќе биде изведено по подолга пауза.

„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди се смета за едно од најмоќните, најдраматичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба претставува прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува.

Делото е посветено на двајца славни италијански уметници – писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.

„Само гениј би можел да напише вакво дело!“, изјавил композиторот Јоханес Брамс, а критиката ќе напише дека Реквиемот на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот