Моќниот путер од кикиритки: Кога ќе дознаете што сѐ може да направи, ќе го јадете цело време!

Фото: Unsplash

Една од најголемите предности е што путерот од кикиритки, во најосновна форма, е направен од мелени кикиритки. Други адитиви, освен малку сол по вкус, нема.

Путерот од кикиритки добива сѐ поголема популарност кај нас како состојка во разни јадења, закуски и десерти. Тој е богат со хранливи материи и е цврст извор на протеини и маснотии. А, сѐ што ви треба за да направите путер од кикиритки е – кикиритки.

Кои корисни супстанции ги содржи

Кикиритките се одличен извор на протеини, масти, ниацин, магнезиум, витамин Е, биотин и бакар, и како таков богат извор на хранливи материи, тој е добар избор за додаток во исхраната од повеќе причини. Некои производители додаваат сол, шеќер или растителни масла, и тоа е прашање на нивниот избор, што потоа ја зголемува количината калории во одреден процент. Меѓутоа, вкусот на кикиритките на кој сме навикнати, драматично не се менува. Затоа, се препорачува да ја погледнете декларацијата на производителот при купување.

Бидете внимателни, можни се алергиски реакции

Ако сте алергични на кикиритки, вашиот имунолошки систем реагира со препознавање на состојките на протеинот од кикиритки како некој што го напаѓа вашето тело. Со цел да се одбрани, телото испушта одредени хемикалии во крвотокот. Сето ова може да предизвика симптоми какви што се реакции на кожата (осип, црвенило или оток), чешање, затегнатост на грлото, тешкотии при дишењето, дигестивни проблеми (грчеви, дијареја или повраќање) и може да доведат до анафилакса, состојба опасна по живот, која бара итна инјекција на адреналин и итна медицинска помош.

За ситост и контрола на телесната тежина

Некои велат дека путерот од кикиритки има лоша репутација поради содржината на маснотии, но нутриционистите потсетуваат дека одредена количина маснотии мора да се внесе во телото и дека клучот е во умереноста. Ако, на пример, додадете малку путер од кикиритки во ѓеврек или овошје, сигурно ќе почувствувате дека сте посити отколку ако консумирате само колачи или само овошје. Токму ова чувство на ситост може да ви биде сојузник во борбата за подобра тежина, бидејќи нема да се чувствувате гладно долго време откако ќе јадете храна со путер од кикиритки.

Протеинот ги зајакнува мускулите

Една порција кикиритки содржи 8 грама протеини, што е клучно за градење и обнова на мускулите. Истражувањата покажаа дека зголемениот внес на протеини придонесува за јачината на мускулите и овозможува зачувување на мускулната маса во текот на животот, без оглед на возраста и здравјето. Путерот од кикиритки е полн со магнезиум и калиум, неопходни минерали за функционирање и развој на мускулите. Фосфорот, кој исто така е присутен во кикиритките, помага во синтезата на протеините за раст и обновување на ткивата, а кикиритките обезбедуваат околу 50 отсто од дневниот препорачан внес на фосфор.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес

Овој омилен путер е полн со мононезаситени масти, кои се поврзани со намалување на холестеролот и срцеви заболувања. Кога здравите масти ги заменуваат заситените масни киселини во вашата исхрана, тие го намалуваат нивото на ЛДЛ (лош холестерол), но исто така го оставаат нивото на ХДЛ (добар холестерол). Исто така, поздравите масти што се наоѓаат во путерот од кикиритки може да помогнат во намалувањето на ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Влакната помагаат за здравјето и работата на цревата

Една порција кикиритки содржи околу 2 грама влакна, што е недвосмислено утврдено дека е корисно за здравјето и пофункционалната работа на цревата. Влакната го зајакнуваат микробиомот на нашите црева, кој е одговорен за балансот на бактериите и регулирање на варењето на храната, го зајакнува општиот имунитет и ги намалува воспалителните процеси во телото. Со силен микробиом, човечкото тело може да се заштити од сите штетни патогени кои доаѓаат кај нас преку вода или храна.

Антиканцерогени својства

Путерот од кикиритки содржи биоактивни соединенија какви што се ресвератрол, фитостероиди и п-кумарна киселина, кои можат да помогнат во борбата против ракот. Друг силен антиоксидант што се наоѓа и во кикиритките и во путерот од кикиритки е витамин Е, кој ги штити клетките од оштетување на слободните радикали и кој, според Националниот институт за здравство, честопати е претходник на развојот на малигни заболувања.

И не помалку важно – ова е храна против стареење: Со оваа храна, вашата кожа ќе изгледа помладо и посвежо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот