„Мојата најтемна тајна“: Ума Турман откри своја тинејџерска траума

ума турман
Ума Турман/извор: Инстаграм

Ума Турман во емотивна изјава ја откри својата најтемна тајна до сега дека имала абортус во доцните тинејџерски години.  

51-годишната актерка за прв пат објави дека имала абортус додека била тинејџерка, додека го критикуваше новодонесениот закон за абортус во Тексас. Турман ја објави оваа своја најтемна тајна во обид да ја „тргне жештината од контроверзноста од ранливите жени на кои овој закон ќе има непосредно влијание“.

„Ја споделувам мојата приватна болка за да ја понесам жештината со нашите ќерки и сестри. Заедно сме во ова.“ напиша Турман на својот приватен инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uma Thurman (@umathurman)

Законот кој стапи на сила овој месец забранува на медицинските работници да изведуваат абортуси штом ќе се забележи срцева активност, што вообичаено се случува околу шестата недела од бременоста.

Во личен напис во „Washington Post“ чиј наслов вели дека новиот радикален закон против абортусот на Тексас е криза на човечките права за американските жени, филмската ѕвезда го споредува овој закон со „хорор“.

„Ја започнав мојата кариера на 15 години, работејќи во околина каде често бев единственото дете во собата. Во моите доцни тинејџерски години, случајно бев забременета од многу постар маж. Живеев во куфер во Европа, далеку од моето семејство, и требаше да започнам со работа. Се измачував за да сфатам што да правам. Сакав да го зачувам бебето, но како?“ раскажува Турман.

Актерката продолжува споредувајќи дека законот е дискриминаторска алатка против оние кои се економски обесправени, додека пак оние кои доаѓаат од имотни семејства ги задржуваат сите избори во светот, и се соочуваат со малку ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот