Модриќ и Ловрен добија нов обвинителен акт за лажно сведочење во случајот против Мамиќ

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Општинското државно обвинителство во Осиjeк на 28 јуни пред Општинскиот суд во Осиjек поднесе обвинение против Лука Модриќ и Дејан Ловрен. Станува збор за обвинителен акт за лажно сведочење во процесот против децениската алфа и омега на Динамо Загреб и најмаркантниот човек во хрватскиот фудбал Здравко Мамиќ за даночно затајување, малверзации со трансфери и извлекување на пари од трансфери на динамови фудбалери, меѓу кои се и нивните трансфери.

Дејан Ловрен (34) е обвинет дека горенаведеното кривично дело го сторил на 01.09.2017 година пред судот во Осијек, за време на рочиштето за случајот против четворица обвинети за кривични дела злоупотреба на положбата и овластувањето, иако судијата го предупредил дека е должен да ја кажува вистината и дека давање лажен исказ е кривично дело.

Тој е обвинет дека свесно невистинито изјавил дека го потпишал анексот на неговиот договор за професионално играње веднаш по потпишувањето на неговиот договор за професионално играње со неговиот матичен клуб (Динамо Загреб), иако знаел дека тоа е невистинито. Се товари дека свесно лажно изјавил дека потпишал три писма со своја рака (писма упатени до матичниот клуб во кои во негово име се бара исплата на одреден процент од трансфер обештетувањето и со потпис со неговото име). како со лажно наведување дека тие денови бил во Хрватска и дека лично отворил посебна сметка во банка во Загреб, како и дека на денот на уплатата на парите лично ги препраќал парите на жиро сметката на трето лице, иако знаел дека во тој момент бил во Франција.

Дејан Ловрен моментално настапува за Олимпик од Лион, а за хрватската репрезентација има одиграно 78 натпревари.

Лука Модриќ (38) е обвинет дека горенаведеното кривично дело го сторил на 13.06.2017 година исто така пред судот во Осијек за време на рочиштето за случајот против четворица обвинети за кривични дела злоупотреба на положба и овластување, иако судијата го опомена дека е должен да ја кажува вистината и дека давањето лажно сведочење е кривично дело.

Тој е обвинет дека свесно невистинито изјавил дека ги потпишувал анексите на договорот за професионално играње (регулирана поделба на трансфер компензацијата меѓу него и неговиот матичен клуб) секогаш кога го продолжувал професионалниот договор, како и дека повторно ги потпишувал тие анекси откако го напуштил својот домашен клуб. Наводно знаел дека тоа не е вистина, бидејќи наведените анекси на договорот ги потпишал кога го напуштил својот матичен клуб.

Се товари дека при презентирањето на дел од записникот од неговото распит во текот на истрагата, свесно невистинито изјавил дека при давање на својот исказ во текот на истрагата, мислел само на регулирање на неговиот граѓанско-правен однос со трето лице. и дека во текот на истрагата не изјавил дека потоа ги потпишал анексите на договорот со матичниот клуб, иако знаел дека тоа не е точно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот