Моден хит: Ева Лонгорија во жолто одело кое секоја дама треба да го има! (ФОТО)

профимедиа

Една од најатрактивните жени во светот освојува не само со изгледот, туку и со стилот на облекување…

Ева Лонгорија (44) гостуваше во една емисија во склоп на промотивната турнеја на новата серија „Grand Hotel“, а за таа прилика понесе ефектно жолто одело кое е во тренд оваа пролет или лето.

профимедиа

Имено, актерката жолтото сако и пантолони со популарниот „цигарет“ крој ги искомбинира со бела маица, додека елегантниот стајлинг го заокружи со сандали во кафено-кремаста нијанса на висока потпетица.

Во текот на позирањето пред фоторепортерите таа не ја тргна насмевката од лицето.

профимедиа

Покрај неа, и пејачката Деми Левато во овие топли денови ужива во жолто одело, кое таа го искомбинира со црна блуза и црно мини здолниште.

View this post on Instagram

And it was all yellow ?✨

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот