„Многу јак човек ми среди да земам диплома, завршив факултет, но не знам кој: Српските старлети се фалат, а луѓето се смеат! (ФОТО)
Последниве неколку години се повеќе актуелна професија во Србија, па и кај нас е „старлета“. Тие сакаат да се истакнуваат, да се фалат, најчесто со погрешни работи, па така и факултети, безразлика кои.
Некои дури не знаат кои факултети ги завршиле, но важно е дека имаат диплома земена „преку врски“.
Една од нив е Нада Ѓукиќ или позната како Блонди, која отворено зборуваше за купената диплома.
– Јас преку мојот кум, многу јак човек кој нажалост не е помеѓу нас. Нешто зборувавме и ми кажа, многу си интелегентна, многу брзо ги разбираш работите, гледам како пишуваш на телефонот, на компјутер, многу брзо се… Дај нешто малку повеќе, но јас му реков дека немам желба да учам, некои други работи ми беа поважни. Меѓутоа ме убеди, тој го заврши тоа и така добив диплома. Така завршив јас факултет, ништо не кријам. Не знам кој факултет. Знам дека нема да работам, свесна сум за тоа. Секогаш сум имала се – рекла Блонди во една емисија.
И Сораја исто така се има пофалено со факултетска диплома.
– Завршив психологија, но за тоа не сум зборувала многу, бидејќи за нас познатите личности велат – па, како таа има факултет? Како да е тоа нешто невозможно и неверојатно – изјавила Сораја за емисијата „Ексклузив“.
Исто така и Станија ги кажала своите мотиви за да го заврши факултетот.
– Ми остана уште дипломската. Знаеш ли колку беа тешки испитите. Сакам да имам диплома, да се фалам, да кажат сите дека сум образована и да можат да ме бакнат во тој убав задник – дополнила Станија, а во меѓувреме дипломирала економија.
И старлетата Тијана Ајфон била среќна кога се запишала на државен факултет, но набрзо следел, како што вели, шок. Од академската установа и наредиле да не зборува каде студира, бидејќи со тоа би го дискредитирала угледот на факултетот.
Во прашање е дали воопшто положила некој испит или сепак сфатила дека високото образование не е за неа.