ММФ: Глобалниот раст се очекува да забави до 2,7 отсто следната година, Германија и Италија во рецесија

 Глобалниот раст се очекува да забави до 2,7 отсто следната година, објави ММФ денеска, додека земјите се борат со последиците од руската инвазија на Украина, спиралните трошоци за живот и економските падови.

„Најлошото допрва доаѓа, а за многу луѓе 2023 година ќе се чувствува како рецесија”, рече економскиот советник на Меѓународниот монетарен фонд Пјер-Оливие Гуриншас во најновите анализи за светската економија (World Economic Outlook).

Германија и Италија ќе влезат во рецесија следната година, со што ќе станат првите напредни економии кои ќе имаат забавување во економиите по руската инвазија на Украина, покажа прогнозата на ММФ.

Целокупното производство на еврозоната нагло ќе забави во 2023 година, бидејќи германскиот бруто домашен производ – најголемиот во регионот – ќе се намали за 0,3 отсто, додека италијанскиот БДП ќе се намали за 0,2 отсто, објави ММФ во ажурирањето на својата светска економска перспектива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот