Фото: Pexels

Младите Шпанци под 16 години нема да можат да купуваат енергетски пијалаци

Шпанија ќе донесе регулатива за да ја забрани продажбата на енергетските пијалаци за млади под 16 години, изјави денеска шпанскиот министер за социјални права и потрошувачка Пабло Бустиндуј, пренесува Еуроњуз.

„Пијалаците кои содржат 32 милиграми кофеин на 100 милилитри ќе бидат забранети до 18-годишна возраст, бидејќи нивното консумирање доведува до нарушување на сонот и предизвикува кардиоваскуларни болести“, рече Бустиндуј,

Иницијативата е дел од поширок пакет мерки насочени кон заштита на здравјето на децата и младите во Шпанија. Слични регулативи веќе постојат во некои региони на земјата, па, практично, централната влада сега настојува да ги усогласи критериумите на национално ниво.

Минатата недела министерството ги вклучи енергетските пијалаци во ограничувањата за рекламирање храна – онаа што се смета за нездрава за малолетници. Во 2024 година, со декрет веќе беше забранета нивната продажба во училишта и факултети.

Соопштението е поддржано од податоците од барометарот изработен од Шпанската агенција за безбедност на храна и исхрана, според која девет од десет лица во Шпанија ја поддржуваат забраната. Кај испитаниците на возраст од 18 до 35 години, поддршката изнесува 88,3 отсто.

Енергетските пијалаци се сметаат за потенцијален предизвикувач на карцином: Што ги прави толку ризични?

Каква е регулативата во Европа?

Не постои законодавство на ниво на цела Европа за продажба и консумација на енергетски пијалаци, и иако повеќето земји немаат ограничувања, некои воведуваат возрасни забрани поради здравствени грижи поврзани со високата потрошувачка кај младите.

Литванија и Летонија беа првите земји во Европската унија што ја забранија продажбата на лица под 18 години во 2014, односно 2016 година.

Бугарија, Унгарија, Полска и Романија следеа со ограничувања за купување и консумација. Мерките вклучуваат забрани за продажба преку автомати и во училишта.

Во Шведска, иако не постои закон што наметнува возрасна граница за енергетските пијалаци, Шведската асоцијација за трговија на мало во 2009 година се согласи да ја ограничи продажбата на малолетници под 15 години.

Парламентот на Чешка во моментов расправа за предложена забрана за продажба на енергетски пијалаци на деца под 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот