Младите кошаркари торпедирани од Русија

фото: ФИБА

Кошаркарската репрезентација на Македонија 16 години е поразена од селекцијата на Русија со убедливи 70:45 на Европското првенство во Удине, Италија. По поразот од Русија наместо во четвртфиналето, младите кошаркари ќе играат за пласман од 9. до 16. место.

Очајниот шут на младите кошаркари  им донесе проблеми уште на стартот, првите поени ги постигнаа дури со шестата минута преку Симиќ, а до крајот на првата четвртина дадоа уште пет поени. Во втората четвртина реализацијата беше малку подобра, избраниците на селекторот Дервишевиќ дадоа 11 поени, но противникот на пауза замина со предност од 30:18 и речиси обезбедена победа.

Сите дилеми околу победникот беа решени во третиот дел кој им припадна на руските кошаркари со 16:7.
Андреј Митревски со 14 поени беше единствениот со двоцифрен ефект во нашиот состав.

Нареден противник за македонските надежи е репрезентацијата на БиХ која денеска загуби од Турција со 87:65

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот