Младите фудбалери во финишот потклекнаа против фаворизираната Франција

Фудбалските надежи се поразени од Франција во квалификациите за ЕП 2023/фото: ФФМ

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година доживеа минимален пораз од селекцијата на Франција во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи 2023 година.

Фаворизираните Французи до победата дојдоа потешко од очекувањата и тоа со подарокот кој го добија по лошата реакција на дефанзивецот Јован Манев. Младиот фудбалер на Брегалница во 75. минута „му асистираше“ на Калулу кој го постигна единствениот гол на натпреварот.

Избраниците на селекторот Канатларовски имаа свои шанси во првото полувреме, посебно преку Илиевски, но неговиот удар го одбрани Меслие.

Во вториот дел, Французите напаѓаа, но тешко доаѓаа до шанси иако во неколку навати голманот Илиевски одлично интервенираше по ударите на Шерки и на Муинга.

Младите фудбалери му одолеваа на фаворитот до 75 минута/ фото: ФФМ

По шест натпревари, Македонија има шест бода за трето место на табелата, додека Франција е лидер на табелата со 16 бодови, три повеќе од Украина.

Во наредното коло, Македонија на 22 март идната година и гостува на Србија која денеска загуби со 2:1 од Украина и ги загуби шансите за второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот