Младата пијанистка Инес Неделковска беше прогласена за музичар на неделата

Интернационалната секција на музичката младина минатата седмица ја прогласи младата македонска пијанистка Инес Неделковска за музичар на неделата. Своите концертни настапи Неделковска главно ги реализира во рамките на активностите на Музичката младина на Македонија, а престижната титула ја доби за својот пијано-настап на музичкиот маратон „Осум часа љубов“, кој беше организиран од „Пијано центре“ на 6 јуни во НОБ.

Инес Неделковска (18) е млада македонска пијанистка од класата на проф. Нина Костова. Домашната критиката ја нарече „најтрофејното дете“ во Македонија. Таа е добитник на први награди на повеќе од 20 интернационални натпревари во светот (Монте Карло, Италија, САД, Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Јапонија, Швајцарија, Португалија, Казахстан, Русија и други). Како победник на овие натпревари, Инес добива можност да настапува во најистакнатите светски концертни сали, како што се „Карнеги хол“ и „Кауфман центарот“ во Њујорк, „Ројал Алберт хол“ во Лондон, Театарот „Росини“ во Италија, Филхармонијата во Париз, Москва, Новосибирск, Монте Карло и многу други.

Неодамна Инес имаше три концерти во Скопје, Крива Паланка и во Струмица заедно со виолинистот Каи Орлинов од Бугарија во рамките на проектот „ЕУ со тебе“ на Делегацијата на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 85, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-20 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот