ВИДЕО | Младата пејачка која ги воодушеви сите во музичкото шоу почина од рак
Ема Џонс, поранешната полуфиналистка на популарното талент шоу „Британија има талент“, почина на 32-годишна возраст, по борбата со ракот.
Препорачано
Џонс во шоуото се појавила во 2015 година, на само 23 години, воодушевувајќи ги членовите на жирито со изведбата на оперската класика „Ave Maria“, а тажната вест е потврдена и на нејзината фејсбук-страница.
„Жал ми е што морам да ви потврдам дека Ема Џонс почина. Таа почина на Денот на вљубените откако ѝ беше дијагностициран рак на повеќе органи“, се наведува во објавата.
Според тврдењата на Фејсбук, лекарот на Ема рекол дека „болеста од јајчниците се проширила и на други органи“.
Поранешниот партнер на Ема, Џон Хестингс, за „Њуз и Стар“ изјавил дека ќе му недостига нејзината „личност, насмевка и прекрасен глас“. Џон раскажал и како Ема веднаш по излегувањето од аудицијата во популарното реално шоу станала позната во својата околина, пренесува „Дејли мејл“.
– Како и сите други овде, бев и горд и трогнат од нејзините достигнувања во „Британија има талент“, кога ги воодушеви судиите и гледачите. Аплаузот тогаш ја расплака, но знаев дека тие солзи се добар знак. Голема штета што никогаш повеќе нема да ја видиме, но се уште ги имаме нејзините настапи на интернет за да се сетиме и да ги цениме – истакнал тој.
На социјалните мрежи голем број гледачи на нејзините настапи во споменатата ТВ емисија се простија од одличната пејачка.


