Евра / Фото: stockvault.net

Млада паланчанка ќе одговара, платила со лажни 100 евра во Охрид

Полицијата поднесе кривична пријава против 21-годишна жителка на Крива Паланка, која платила во продавница во Охрид со фалсификувана банкнота од 100 евра, соопшти МВР.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(21) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 03.03.2024 во продажен објект во Охрид, пријавената за купените артикли приложила банкнота од 100 евра, за која од Народна банка, по извршена експертиза, било констатирано дека е фалсификат“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот