Фото: Илустрација / Слободен печат

Млад моторџија од Македонски Брод е тешко повреден во судир со кола во Прилепско

21-годишен мотоциклист од Македонски Брод завршил во болница со тешки повреди откако се судрил со автомобил во Прилепско, соопшти полицијата.

„На 01.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на влез за с.Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од З.Ш.(21) и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(56), двајцата од с.Десово, општина Долнени. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“, пишува во полицискиот билтен.

ВИДЕО | Мајката на осомничениот за убиството на жена во Челопек: Ни завидуваат оти имаме 250 овци, од љубомора го пријавуваа во полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот