Млад кавадарчанец сакал да ја обљуби малолетната сестра

Основното јавно обвинителство од Кавадарци поднесе обвинителен акт против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
„Обвинетиот, во периодот од 13.12 до 15.12.2021 година, во состојба на битно намалена пресметливост, искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па се обидел врз неа да изврши полови дејствија. Оштетената го оттурнала и тој паднал на земјата, па делото останало недовршено. Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Исто така, со оглед на тоа што со психијатриско вештачење беше утврдено дела делото е сторено во состојба на битно намалена пресметливост, јавниот обвинител му предложи на Судот, согласно член 525 од Законот за кривична постапка во врска со член 62 став 4 од Кривичниот законик, покрај изречената казна, на обвинетиот да му изрече и мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“ извести ОЈО.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5