Млад Италијанец со наградата за фер-плеј: Тој е вистинскиот победник!

Фото: twitter.com/FIFAcom

Покрај останатите, меѓу победниците е и Матија Ањезе кој вчера ја доби наградата од ФИФА за Фер Плеј..

Младиот Италијанец, кој има само 17 години и игра за аматерскиот клуб Оспедалети, го спаси животот на еден играч од противничката екипа на натпревар одигран на почетокот од годината во областа Лигурија.

– Видов дека не дише и веднаш го ставив во безбедна положба, брзо му го извадив јазикот спречувајќи да се задуши – рече Ањезе кој ги научи маневрите за спасување гледајќи видеа за прва помош на ЈуТјуб.

Наградата му ја додели легендарниот Руд Гулит со зборовите „Ти си мој и наш херој“.

– Добитникот на ФИФА за Фер Плеј, Матија Ањезе е буквално спасител на живот. Тој има само 17 години, а овој амбициозен фудбалер е почестен за чинот на брза храброст во давањето критична прва помош на противник кој изгубил свест по судир на теренот – напиша ФИФА во официјалната изјава.

Официјално: Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот