Официјално: Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на светот!

Фото: EPA-EFE/Valeriano di Domenico/POOL

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е добитник на наградата „The Best“ („најдобриот“) која Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја доделува за најдобар фудбалер на светот. Во женска конкуренција за најдобра фудбалерка е прогласена Луси Бронз од редовите на Манчестер сити.

Левандовски во 2020 година освои тројна „круна“, во Германија и Европа, беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и Бундеслигата. Во конкуренцијата членот на баварскиот гигант полскиот репрезентативец успеа да ги победи Кристијано Роналдо (Јувентус) и Лионел Меси (Барселона).

Годинешната награда добива на значење, имајќи предвид дека „Франс Фудбал“ одлучи да не ја додели „Златната топка“ поради пандемијата на коронавирусот.

– Се чувствувам одлично. Навистина сум горд и среќен. Ова е одличен ден за мене, мојот клуб и моите колеги. Оваа награда им припаѓа на моите соиграчи, тренерот и Баерн. Многу емоции, чувството е неверојатно.

Кога освојувате ваква награда и ја делите со Меси и Роналдо, тоа е нешто посебно и многу ми значи. Неодамна, можев само да сонувам за оваа награда, а сега ја освоив. Ова навистина значи дека не е важно од каде доаѓаш, туку колку се трудиш и работиш – рече Левандовски по освојувањето на наградата.

ФОТО: Клоп е најдобриот тренер, Меси и Роналдо во тимот на годината!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот