Млад Италијанец со автомобил удрил во моторџија во Капиштец и тешко го повредил
27-годишен италијански државјанин, кој возел автомобил „Дачија“, вчера околу полноќ удрил во мотоцикл „Кавасаки“ во скопската населба Капиштец, а 23-годишниот возач на моторот е тешко повреден, соопшти МВР.
Препорачано
Италијанецот, како што велат од полицијата, е уапсен и ќе одговара за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, што имплицира дека тој возел со грубо непочитување на сообраќајните прописи и му се заканува затворска казна.
„На 13.05.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓорѓов“ и ул.„Народен Фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.А.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „дачиа“ и неговиот сопатник И.А.(27) од Скопје. Повредите се констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, Џ.Ч. е лишен од слобода во врска со член 300 од Кривичниот законик. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
Девојчињата кои ги злоставувал просветниот работник во Штип имале од 10 до 13 години


