Млад Германец заработил 250 милиони долари од руска нафта за време на санкциите
Младиот 31-годишен Германец Кристофер Епингер остварил промет помеѓу 2022 и 2025 година од околу две милијарди долари во рускиот нафтен бизнис, заработувајќи околу четвртина милијарда долари. Иако не е единствениот трговец кој ја искористил неизвесноста по руската инвазија на Украина, тој е сигурно еден од најмладите.
Препорачано
По рускиот напад во 2022 година, западните земји воведоа санкции, а компании како BP и Shell престанаа да работат со Русија. Ограничувањето на цените ѝ овозможи на Русија да продолжи со извозот, но ги намали приходите, отворајќи можности за трговците кои беа подготвени да го преземат ризикот, пишува Форбс- пренесува Каматица.
– Не се плашам да им кажам на луѓето дека изворот на мојот бизнис е руската нафта – изјави Епингер за Фајненшл тајмс.
Неговата компанија CE Energy престана да тргува со руска нафта во февруари оваа година. Роден во 1994 година во Хамбург, Епингер студирал економија и рано се вклучил во нафтениот бизнис преку пракса во казахстанската компанија KazMunayGas. По пропаѓањето на првата фирма, тој нашол работа во Дубаи и ја искористил можноста со рафинеријата Унипера, наоѓајќи алтернативни добавувачи и легално препродавајќи руска нафта. Помеѓу 2022 и 2025 година, CE Energy препродала 3,3 милиони тони нафта на земји како Нигерија, Бахамите и Шпанија. Епингер истакна дека секоја пратка е во согласност со ограничувањето на цените и западните правила. Тој го прекина работењето со Русија по објавувањето на санкциите против некои емиратски трговци од страна на тогашниот американски претседател Џо Бајден.


