Млад човек силувал старица во струмичко село

Фото: Фејсбук / Максим Димитриевски

25-годишен маж од село Косевица, Македонска Каменица силувал 81-годишна старица во нејзината куќа во струмичко село. Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на оштетена во селото во кое престојувал додека таа спиела и врз неа извршил полов напад.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот