Митревски поради воената состојба во Ерменија го напушти Алашкерт!

Фото: Grigor Grigorian/facebook.com/riki.mitrevski

Македонскиот фудбалер Ристо Митревски е принуден поради воената состојба во Ерменија да го напушти тамошниот клуб Алашкерт.

Нашиот 29-годишен одбранбен играч веќе запиша четири настапи во новата сезона за екипата, а лани имаше 12 натпревари и два голови.

– Поради воената состојба во Ерменија решив да го завршам мојот договор со Алашкерт. Му посакувам сè најдобро на клубот во иднина, но пред сè се надевам дека оваа ситуација ќе заврши наскоро и мирнонапиша Митревски на неговиот Фејсбук профил.

Пред да се пресели во Ерменија беше дел од екипите на Енозис, Хапоел Хаифа, Истра 1961, скопски Металург, Доњи Срем, Сараево, Тетекс, Напредок, Победа и Работнички.

Пред 10 години ги бранеше и боите на У19 македонската фудбалска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот