Митови и факти | Реџеп Исмаил: Педофилот Епстин го урна митот за цивилизираниот Запад
„Досијеата на Епстин“ кои неодамна беа објавени од Министерството за правда на САД, ги потресоа речиси сите земји во светот, отркивајќи инволвираност во педофилскиот „прстен“ на американскиот бизнисмен Џефри епстин, на бројни поранешни и актуелни политичари, бизнисмени и други јавни личности.
Препорачано
Пратеникот во Собранието на Македонија од редовите на Левица, Реџеп Исмаил, вели дека со ова е урнат митот за цивилизаторската улога на Западот во светската историја.
– Дека има голем дел слики и видеа и дека они сведочат дека тоа се грозоморни сцени коишто ги гледаат во тие фајлови, значи не само во коресподенцијата туку во видеата и во сликите, а така да не знам како ќе продолжи ова понатаму, се надевам дека практично држвите коишто гледаат дека нивни државјани биле експлицитно инволвирани во овој случај ќе отворат обвиненија. Не верувам дека оваа клопка ќе се размота така лесно. Можеби воопшто нема да се размота, со оглед на тоа што многу актуелни личности од глобалната политичка-бизнис елита, видовме и дека Илон Маск практично моли да биде дел од забавата – вели Исмаил.
Целиот разговор со Реџеп Исмаил проследете го на следниот линк:


