Митови и факти ЕП 18 | Орце Данчевски: Развојот на АИ почна со шахот и таа битка е одамна загубена
Орце Данчевски е професор по шах во основното училиште „Јахја Кемал“, како и во шаховскиот клуб „Гамбит асеко“. Тој е еден од ретките автори за шаховска литература наменета за најмладите и најголемиот „виновник“ што од неодамна шахот е воведен како факултативен предмет во основните училишта ширум Македонија.
Препорачано
Тој вели дека шахот е исклучително битен за развојот на когнитивниот механизам кај дечињата и го препорачува како начин за брзо напредување на концентрацијата.
– Кај секое едно дете што дошло во контакт со играта шах, на првата работа што ја имам забележано нај најмалите дечиња, прво одделение е дупло зголеување на концентрацијата. Секое детенце кое ќе почне да игра шах, концентрацијата од пет минути се подига на 10 минути. Значи континуирано со играње на играта со практицирање на играта шах, со решавање на задачките што ги решаваме за време на часовите, малите деца ја зголемуваат концентрацијата, а тоа е нешто најважно и примарно за таа возраст кај некое дете – вели тој.
Во Митови и факти, Данчевски ја оживува шаховската игра, ја враќа во драматичните времиња на Студената војна и на нашата публика ѝ ги рекреира ликовите на легендарните шахисти Боби Фишер, Борис Спаски, Анатолиј Карпов и Гари Каспаров.


