Фото - Фејсбук профил на Митко Чавков

Митко Чавков е пуштен од затвор условно

Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи Митко Чавков, денеска околу 10 часот излезе од затворот во Штип. Тој е пуштен на условен отпуст, потврди директорот на штипскиот затвор Дејан Здравков. Чавков беше осуден на казна затвор од 18 години за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните од 27 април. Тој бараше повторно судење, процесот го оценуваше како „политичка монтировка“, а во текот на издржувањето на санкцијата се соочуваше со здравствени проблеми поради кои во одреден период казната му беше прекинувана. Откако излезе од затвор, тој на социјалните мрежи објави фотографија со ќерката која го пречекала.

Основниот кривичен суд му ја намали изречената затворска казна, како и на најголем дел од останатите осудени во истиот предмет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот