Митиќ: Фиверс е добра шанса да ја оствариме првата победа во Лига Европа

Пивотот Андреј Митиќ ќе ја доигра сезоната во редовите на РК Скопје/Фото: РК Металург

Металург продолжува со набиената агенда во Лигата на Европа и само еден ден по средбата со Чеховски Медведи, замина за Австрија, каде денеска има нов натпревар од деветото коло на групната фаза против екипата на Фиверс.

Ова за тимот од Автокоманда ќе биде четврти меч во Лига Европа за само девет дена. Меѓу другото, во овие девет дена патуваа „сино-белите“ во Полска, а сега и во Австрија.

Тренерот Оливер Димитриоски за оваа средба не може да смета на Златко Хорват, Милан Лазаревски, Велко Маркоски и Теодор Тодески.

Овој дуел ќе се одигра во „Спортхале Холгасе“ во Виена со почеток во 20.45 часот, а судии се Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка. Потсетување дека првиот меѓусебен натпревар меѓу овие две екипи во Скопје заврши нерешено (33:33).

– Во Скопје одигравме нерешено, но ова е добра шанса за нас младите да помогнеме и да ја оствариме првата победа. Не сме комплетни, но се надевам дека ќе пружиме добра игра. И на мечот со Чеховски Медведи во Скопје одигравме добро, но поради некои наши грешки во финишот го загубивме натпреварот. Што се однесува до мене, јас сум им благодарен на Металург и тренерот Димитриоски за шансата што ја добивам.

Мое е на секој натпревар да го давам максумумот, да напредувам и да бидам подобар од натпревар во натпревар. Засега сум задоволен, но целта е да одам напред, а ова е голема шанса и за мене и за сите други – вели ракометарот на Металург, Андреј Митиќ.

Металург заедно со Бешикташ и Татабања досега се единствените без триумф во натпреварувањето. Моментно Фиверс е петтопласиран во групата со четири бодови, додека нашиот претставник е последен со еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот