Марко Митев

Митев: Целиот фокус е на првиот натпревар со Данска, фаворити се, но и ние ќе дадеме максимум

Македонската ракометна репрезентација вчера слета во Данска, каде што ќе ги одигра натпреварите од првата фаза на Европското првенство, а веќе денеска избраниците на Лазаров продолжија со тренинзите.

„Црвено-жолтите“ се стационирани во Силкеборг, кој ќе биде нивна база во пресрет на првите предизвици, а селекцијата веќе влезе во финалната фаза на темпирање на формата. Од стручниот штаб порачуваат дека целото внимание е насочено кон премиерниот дуел против домаќинот и еден од главните фаворити на турнирот, Данска.

Средниот бек Марко Митев истакна дека подготовките течат според планираното и дека репрезентацијата ќе влезе максимално мотивирана во првиот натпревар.

„По напорниот пат добивме ден за одмор. Утрово имавме фитнес-тренинг, а вечерва продолжуваме со работа во сала. Европското првенство започнува за три дена и целиот наш фокус е на првиот натпревар со Данска. Тие се фаворити, но наше е да дадеме максимум и да се обидеме да извлечеме добар резултат. Имаме уште неколку дена за тактичка и физичка подготовка и се надевам дека ќе можеме да го испратиме нивниот ритам“, изјави Митев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот