Мистериозна смрт на турската богаташка: Паднала од брод, партнерот 20 часа молчел за нејзиното исчезнување

Фото: Инстаграм

Богатата претставничка на империјата за накит „Тифани“ за Турција паднала од брод за крстарење во текот на пловењето и загинала, пишува „Дејли мејл“. Дилек Ертек (71) паднала на 26 октомври од бродот „Norwegian Spirit“ во морето кај брегот на Тахити, пренесува „Јутарњи“.

Турскиот весник „Сабах“ известува дека нејзиното семејство повикало полиција за да ја истражи улогата на нејзиниот партнер, инаку, швајцарски државјанин, кој бил со неа на крстарењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Her Gün 1 Yer📍 (@hergun1yer)


Нејзиниот син Гокче Атук изјавил дека од сефот во кабината на неговата мајка исчезнал и вреден накит.

Иако со прегледот на надзорните камери е утврдено дека Ертек паднала во морето околу три часот наутро, нејзиниот неименуван љубовник го пријавил нејзиното исчезнување дури 20 часа подоцна.

Експертите се збунети како жена која е висока само 157 сантиметри и која никогаш не пиела алкохол, паднала преку оградата висока повеќе од еден метар од својата кабина.

Нејзиниот 74-годишен партнер бил задржан во посебна кабина сѐ додека бродот не се закотвил на пристаништето на Тахити три дена подоцна.

По закотвувањето на бродот, полицијата го испрашала, но подоцна бил ослободен поради недостиг на докази и подоцна се вратил во Швајцарија.

Потрагата по телото на г-ѓа Ертек е прекината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HT KULÜP (@ht_kulup)


Дилек Ертек се качила на бродот на 24 октомври на островот Папете во Француска Полинезија, за да го прослави својот роденден на 5 ноември на Бора Бора, мал остров во јужниот Тихи Океан.

Крузерот пловел кон Хонолулу на Хаваи.

Потрагата по нејзиното тело била организирана веднаш штом било утврдено дека паднала во морето, но безуспешно, а бродот потоа тргнал кон најблиското пристаниште на островот Папете.

По прегледувањето на снимките од надзорните камери, било утврдено дека една личност навистина паднала од бродот во тој момент, јавуваат турските медиуми.

Исто така, известија и дека имало проблеми со истрагата за овој настан и дека кабината на г-ѓа Ертек не била прегледана како што треба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by gazeteNot (@gazetenot)


Некои веруваат дека властите на Тахити само ја покренале постапката, но не ја спровеле до крај, затоа што смртта настапила надвор од нивната надлежност.

Но, адвокатите на Дилек Ертек, наводно, рекле дека истрагата е одговорност на Тахити, бидејќи таа била најблиската земја кога се случил инцидентот на море.

Наводно, адвокатите се подготвуваат да поднесат тужба против бродската компанија.

Гокче Атук, наводно, отишол на Тахити за да помогне во потрагата, која сега е прекината, што го натерало да ангажира адвокати.

Капетанот Мустафа Чан, наводно, рекол: „Тешко е да се падне од овој тип на патнички и крстаречки брод“.

Дилек Ертек е родена во Истанбул и дипломирала на Универзитетот Мимар Синан, отсек архитектура.

Таа продолжила да ги проучува дијаманти на Гемолошкиот институт на Америка во Њујорк.

На крајот на 1995 година, таа ја отворила првата продавница „Тифани“ во Истанбул. Таа беше дистрибутер на „Тифани и компанија“ за Турција повеќе од 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sebnem Balkan Shebo (@sebnembalkan)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот